Николоски: Референдумска излезност на 15 јули за обнова на Македонија

28

Носителот на листата на пратеници во Изборната единица 4 на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Александар Николоски  на попладневната средна со жителите на прилепската урбана заедница „Рид“ побара референдумска излезеност на 15 јули за, како што рече, економски и национално подобрување на работите и за обнова на Македонија.

-Влегуваме во вториот дел од кампањата и имаме одлична атмосфера. Голем број луѓе ја одбираат обновата и сакаат по 15 јули Македонија да се исправи, да дојдат промените и заеднички да ја градиме Македонија. Во пресрет на 30 години независност во Македонија, ова се најбитните избори. Зашто, на овие избори одлучуваме дали ќе  ја има ваква Македонија каква што ја познаваме.  Затоа е потребна масовна излезенот на изборите. Седењето дома или гласање за помалите партии е во полза на досегашната власт. Нивната опција е со премиер албанец, а нашата е со премиер Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ на власт со настручниот тим досега.  ВМРО-ДПМНЕ реформирано, подмладено со најдобрите кадри од Македонија и од дијаспората кои  сакаат да дојдат за заеднички да ја градиме Македонија. Заедно со вас ќе ги поправаме работите, економски и национално ќе ја креваме Македонија. Потребна ни е референдумска излезност и на тој начи само вие, а не некој друг ќе одлучите за иднината на Македонија. Тие сакаат ниска, ние сакаме масовна излезеност на изборите. Тие сакаат луѓе со свиткан рбет, ние сакаме горди Македонци. Тоа е суштинската разлика помеѓу нив и ние, рече Николоски.  

Тој рече дека денеска имале разговори и средби со пензионери, доктори, со млади луѓе од Прилеп.

-Сите велат дека имаше повисоки плати, дневници за теренска работа, повисоки пензии, поддршка за младите за самовработување, но сега ги нема. Се поставува прашањето каде се парите, а буџетот расте.

Според Николоски Пелагонискиот регион е во инфраструктурна беда и побара масовна излезеност на 15 јули, за како што рече, заедно со граѓаните да се поправат работите.