Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска најави дека во април на редовната сесија на парламентарното собрание во Советот на Европа во извештајот ќе бидат вметнати пресудите од Европскиот суд за човекови права од Стразбур кои што се однесуваат на Македонците од Бугарија, а кои што Бугарија не ги спроведува.

Во април има редовна сесија на Парламентарното Собрание на кој што една од главните точки е спроведување на пресудите од Европскиот суд за човекови права од Стразбур, и исто така јавноста малку знае дека јас сум еден од луѓето кои што го следи спроведувањето на овие пресуди и сум дел од тој Комитетот во Советот на Европа. Ќе има доста жестока дискусија во однос на Бугарија, затоа што еве можам ексклузивно и за јавноста да кажам дека ќе бидат вметнати во тој извештај пресудите кои што се однесуваат на Македонците од Бугарија, а кои што Бугарија не ги спроведува. Но, повеќе за тоа ќе може да зборуваме во април, откри потпретседателот Николоски, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.