Николовски не одговори дали „Кики и Фрики” биле на седницата на СДСМ

97
Централниот одбор на СДСМ едногласно донесе декларација која се однесува на последната афера што ја тресе власта, „Рекет”каде уапсен е Бојан Јовановски познат како Боки 13, за која опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги обвини дека се вмешани.

 

Се дава поддршка на највисокото раководство на СДСМ, кое е највисоко раководство во Владата, како и поддршка на сите други институции да продолжат со бескомпромисната борба против криминалот. Поселедниот случај покажува дека постои механизам кој функционира и го штити општеството, и може да се справи со криминалот и корупцијата. Централниот одбор донесе декларација со која застанува во одбрана на функционирање на правната држава и правниот систем,  рече генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, вчера по Централниот одбор на СДСМ.

На прашање од новинар дали на седницата на Централниот одбор присуствувале и Кики и Фрики тој одговори дека имало голем број членови на Централниот одбор.

– Веќе одговорив на прашањето, централниот одбор на оваа политичка партија, за разлика од многу други кои ги блокираат институциите и застануваат во одбрана на криминалот, ние даваме поддршка на борбата против корупцијата и криминалот, вели тој.

За потсетување, Боки 13 заедно со Зоки Кичеец беше уапсен и определен му е 30. дневен притвор за изнуда на пари, а при претресот беа најдени и задржани брендирана облека, накит, часовници и чанти, компјутери, муниција и оружје во домовите на осомничените.