Денвер претрпе стара болка во првиот пораз сезонава – лесно загубени топки. Кливленд целосно ја искористи слабата точка на Нагетси и забележа победа од 99:87.

Денвер имаше вкупно 21 загубена топка што доведе до 32 поени за „коњаницата“. Јокиќ покрај 24 поени и 19 скока го имаше и тој минус од шест загубени топки.

По средбата, тој се обиде накратко да резимира што се случило.

  • Момците се обидуваат да ја организираат играта, но ја нема. Немам поим што ни е. Можеби да играме поедноставно ќе ни биде полесно, вели Јокиќ.