Македонските одбојкари ги стартуваа подготовките за новото издание на Европската сребрена лига со амбиција на крајот да стигнат до златото по три финалиња. Тренинзите ќе бидат во салата „Парк“ во Струмица каде што ќе бидат одиграни средбите од првиот турнир во групата „А“, како и завршниот на најдобрите четири тима.

  • Ова ќе биде долг репрезентативен период и задоволство е што ќе го почнеме со учество во Европската сребрена лига во којашто се враќаме по три години. Сакаме да го освоиме првото место, а потоа ќе размислуваме за Европското првенство во септември. Амбициите се јасни и верувам дека се остварливи, истакна капитенот Никола Ѓорѓиев.