Никола Роквиќ се пофали на „Инстаграм“ дека „конечно  е во форма“ и дека успеал да изгуби 7 килограми за три недели, на начин на исхрана која ја применува познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Во тоа му помогнала  автофагијата, физичката активност, како и прошетките со наследниците што ги практикува секојдневно.

– Конечно во физичка форма. Три недели пост и автофагија и 7 килограми помалку. Кикбокс четири пати неделно, 10 рунди без проблем. Трчање три пати неделно. Прошетка со децата секоја вечер, објасни тој. Автофагијата и здравата исхрана, особено посна храна која не е од животинско потекло, ми даде неверојатна енергија што ја немав кога јадев нормално. Со леснотија, без храна 20 часа, и енергија за тренинг повеќе од кога било.

Фото: ФБ.

Потоа синот на Маринко Роквиќ додаде дека  нам ни се потребни нобеловци за да го сфатиме тоа што е напишано во книгите полни 800 години.