Никола Поповски нов главен извршен директор на Македонска банка за поддршка на развојот

171

Македонска банка за поддршка на развојот АД Скопје преку Македонска берза информира дека Никола Поповски, поранешен министер за финансии е избран за нов ВД Главен извршен директор и член на Управниот одбор на Банката.

Поповски доаѓа на местото на досегашниот прв човек на Развојната банка, Кирил Колемишевски кој оваа функција ја извршуваше во претходните 3 месеци, почнувајќи од 15-ти мај.

Покрај Никола Поповски, член во Управниот одбор на Македонската банка за поддршка на развојот е и Вељанд Рамадани, кој воедно е и ВД Главен оперативен директор.