НИКОГО НЕ ОСТАВИ РАМНОДУШЕН: Кое е момчето без долниот дел од телото кое се појави на отворањето на Мундијалот?

589
Фото: Instagram profile g.almuftah

Момче без долен дел на телото, кое се појави на отворањето на Светското првенство во Катар, никого не остави рамнодушен. Ганим Ал Муфтах е роден со синдром на каудална регресија, ретко нарушување што го попречува развојот на долниот дел од ‘рбетот. Со оглед на многу малкуте шанси за преживување што му ги дале лекарите, вистинско чудо е што Ганим успеал да живее повеќе од 15 години.

Неговата приказна е вистинска инспирација и мотивација за лицата со попреченост ширум светот.

Момчето од Катар голем дел од својот успех им го должи на родителите кои непоколебливо влијаеле на неговиот позитивен развој. Тие инсистирале тој да води нормален живот, надвор од границите на неговите физички ограничувања.

Ал Муфтах исто така се надева дека ќе стане иден параолимпиец. И покрај неговиот хендикеп, Ганим ужива во пливање, нуркање, фудбал, планинарење и скејтбординг, пишува Нпортал.рс.

На училиште, тој играл фудбал со тренери за раце и ја бркал топката со своите пријатели со „нормална големина“. Зачудувачки, Катарецот се искачи на Џебел Шамс, највисокиот планински врв во целиот заливски регион.

Бестрашното момче јавно ја изрази својата намера да се искачи на Монт Еверест.

Со над милион следбеници на Инстаграм, Ал-Муфтах сака да студира политички науки, со цел да стане – идниот премиер на Катар.