Во Формула 1 се почесто се поставува прашањето кој е најдобриот пилот во историјата на овој спорт, а за познатиот коментатор, Мареј Вокер, тоа е Луис Хамилтон, кој моментно вози за тимот на Мерцедес.

Вокер има 96 години, ги следел сите генерации на возачи, па неговиот збор има тежина, а сега дали е објективен бидејќи се работи за негови сонародник, проценете само.

Претежно овој пензиониран новинар зборуваше за вечната дилема – кој е најдобриот?

  • Понекогаш би рекол дека Хуан Мануел Фанџо е најголемиот, но сега мислам дека тоа е Луис Хамилтон. Ако ја погледнете статистиката, тој веќе има повеќе пол-позиции од Михаел Шумахер (91-68). Веројатно има уште три сезони пред него, па верувам дека ќе ја зголеми својата статистика, истакна Вокер, па додаде:
  • Тој според мене е подобар од Шумахер и Сена затоа што тие во различни моменти од своите кариери користеле контроверзни тактики. Како кога Шумахер намерно застана во Монако за да го спречи Алонсо да ја освои „пол-позицијата“ или кога се судри со Жак Вилнев во Херез во 1997 година или кога Сена го удри Прост во 1990 година во Јапонија.

Вокер не зборуваше за денешната неверојатна доминација на моторите на Мерцедес над другите болиди, но продолжи да го фали Британецот.

  • Луис Хамилтон никогаш не направил такво нешто. Тој секогаш возеше што е можно поправилно. Тој е исклучително љубезен и неверојатно талентиран возач. Не мислам дека некогаш сме виделе некој како него порано, заврши Вокер.