Поранешниот српски репрезентативец, Душко Савановиќ, го прокоментира назначувањето на Светислав Пешиќ за нов селектор на „орлите“, што предизвика лавина реакции во српските медиумите на нашиот северен сосед.

  • Пешиќ е докажан тренер на српската и југословенската, како и на европската и светската сцена. Тој е стар волк и од негова гледна точка е во своите најдобри години, бидејќи повеќе не мора да брка клупска кариера… Очекувам дека може да ги среди работите и да направи резултат , изјави Савановиќ за „Република“, па додаде:
  • Од друга страна, за мене е незамисливо дека во 2021 година ќе донесеме човек (постар, 65) на позицијата тренер, не знам дали лажеме дека сме земја на кошарката. Вие не мора да се согласувате со мене, но ова е морничаво. Еј, луѓе, ние сме Индијанци како нација. Повикуваме 65-годишен маж да ни донесе резултат, наместо да му дадеме шанса на тренер кој го бркаме по само шест месеци или година? Навистина не знам што бараме.

Ова не е прв пат Савановиќ да има сериозни обвинувања против Светислав Пешиќ. Тој соработуваше со Пешиќ во Валенсија и Баерн Минхен.

  • Гледате, отидов во Баерн само за да работам со нашиот тренер. Имав одредено искуство со него од Валенсија и на таа сметка се одлучив за Минхен. Односот на Кари со играчите и луѓето во клубот е страшен. Неописливо лош! Константно навреда! Кошаркарската јавност, повеќе или помалку, веќе го знае тоа, изјави Савановиќ во 2016 година кога ги бранеше боите на минхенски Баерн.

Савановиќ долги години беше репрезентативец, а во еден момент беше и капитен на Србија.