Аргентина во 1/4 финалето за противник ќе ја има селекцијата на Холандија, а капитенот на „гаучосите“, Лионел Меси, откри кои репрезентации имаат најголеми шанси да го освојат трагоцениот трофеј.
- Аргентина е еден од кандидатите. Ние сме велесила и секогаш сме помеѓу најдобрите. Тоа го докажавме и против Австралија. Бразил е меѓу главните фаворити. Франција е многу добра, како и Шпанија. Играат добро, имаат јасен план и тешко им се одзема топката. Тешки се за победување, изјави Меси.