Мирсад Бусулаџиќ, фризер од салонот Револушн ДЦ од Брчко, откако прочитал во весник напис за мигрантите решил да собере тим луѓе за на мигрантите да им помогнат со своите вештини, пишува Индекс.хр.

Мигрантите често наидуваат на затворена врата кога ќе се обидат некаде да се искапат, а фризерските салони во кои влегувале не сакале да ги примат, иако тие секако би ја платиле услугата на потстрижување како и сите други муштерии.

Затоа Мирсад со својот тим тргнал за Тузла каде што бесплатно ги потстрижува мигрантите.

-На луѓето им треба помош! Јас некаде прочитав напис за ситуацијата на мигрантите, по што тимски одлучивме да дојдеме во Тузла и да им пружиме нешто на овие луѓе за, ако ништо друго, барем да им го разубавиме денот, вели Мирсад за Камелеон.

-Секоја чест за тие 3-4 волонтери кои се во Тузла со нив секој ден и им пружаат помош. Би сакал да видам дека уште луѓе се вклучуваат да им подарат малку време. При тоа, не мислам на некоја финансиска помош, иако ако некој може да даде тоа ним во овие моменти многу им значи, додава тој и објаснува дека БиХ ја чувствува како „наша куќа“. – А кога луѓето веќе поминуваат низ нашата куќа би требало барем на некој начин престојот да им го направиме попријатен, објавува порталот.

-Имаше и негативни коментари откако беше објавен текст за потстрижувањето мигранти, па некои пишуваа дека само сме сакале да се рекламираме, па затоа би сакал да им порачам дека не е така, не ни требаше реклама. Не дојдовме да се промовираме, ниту имавме некаква заработка. Нашето доаѓање беше од хуманитарен карактер и пак ќе дојдеме, објаснува Мирсад.