Нивес Целзиус се соблече на клупата во парк

255

Хрватската пејачка, писателка и старлета, по малку и стриптизета Нивес Целзиус секогаш многу добро знае како да остане актуелна, како да ја озборуваат, а да не им биде здодевна на луѓето. Таа пак се соблече, во недостаток на новата песна. Така соблечена легна на една клупа во Градски парк додека многубројните минувачи не можеле да дојдат при себе. Пензионерите ја критикувале и ја исплукале бидејќи, според нив, немала ни трошка срам, додека најголем дел од мажите додека ја гледале, на Нивес ѝ понудиле брак. И во едниот и во другиот случај, никој не остана рамнодушен. Нивес Целзиус е дефинитивно мајсторка за скандали и провокации. Д.М.