Не ја заборавивме:Натали Грубовиќ го славеше вториот роденден на својата принцеза

415

Дали уште се сеќавате на поранешната, многу популарна, македонска Бинго-девојка и манекенка Наталија Грубовиќ? Можеби ќе кажете, кај ви текна сега на неа? Е, да, ни текна, бидејќи Натали пред некој ден во еден убав ресторан во Нови Сад, Србија, го прослави роденденот на ќеркичката која носи исто име како мама, Натали. А, принцезата на мама наполни две години, па по тој повод се собра целото големо семејство на Натали и семејството на нејзиниот сопруг.

Натали се отсели од Македонија откако се омажи, живее во Нови Сад и далеку е од медиумите, води повлечен семеен живот. На роденденската забава малата Натали носеше бело фустанче, додека големата Натали беше во романтичен покус фустан, со нежна шминка и младешка фризура. Низ медиумите веќе кружи муабетот дека Натали е повторно бремена, па по вторпат ќе стане мајка!