Ракометарите на репрезентацијата на Полска пред средбата со Белорусија, беше тестирана на коронавирус во подземен паркинг. Полјаците преку социјалните мрежи објавија во какви услови беше извршено нивното тестирање. Исто така, тие се незадоволни и од организацијата во хотелот.

Како што е познато од претходно, Полјаците имаа седум заразени ракометари, но успеаја да ја совладаат Австрија во првото коло, но и Белорусија во второто и да се пласираат во втората фаза на шампионатот.

-За време на појадокот се сретнавме со гостите од хотелот. Од сите се бара да носат маски и да се дезинфецираат, но не може да се почитуваат ограничувањата за храна. Секако, имаме посебен простор за јадење, но има и зедничко место за послужување на храна, изјави средниот бек на полската репрезентација Михаел Олејничак.