НЕ СТАРЕЕ: Белучи со својот помлад партнер на бал во Венеција

164

Една од најубавите жени, италијанската актерка и поранешен модел Моника Белучи (54), присуствуваше на балот под маски во Венеција, каде се појави во придружба на својот помлад партнер, 36-годишниот актер Николас Лефевре.

Таа со својата убавина и грациозност привлекува внимание каде и да се појави, па така овој пат убавиот пар беше забележан во италијанскиот град на вода.

Настанот е организиран од Диор во Венеција.

Моника Белучи, како што забележаа сите што имаа можност да ја видат, изгледаше грациозно во креација со корсет и црна наметка.

Таа на балот пристигна со брод заедно со 36-годишниот актер.