Не сме на врвот поради парите, другите трошат повеќе

227
epa10635121 Players of Manchester City celebrate after going 3-0 up during the UEFA Champions League semi-finals, 2nd leg soccer match between Manchester City and Real Madrid in Manchester, Britain, 17 May 2023. EPA-EFE/DAVID RAWCLIFFE

Манчестер Сити е еден од најбогатите европски клубови, но на клупските челници не им се допаѓа кога во јавноста се зборува дека се на врвот благодарени на големата економска моќ.

Не е тајна дека на ривалите од Премиер лигата не им се допаѓа тоа што „граѓаните“ доминираат во Англија, а нивните навивачи и неколку медиуми со прст покажаа кон „Итихат“ со образложение дека парите се најзаслужни за таквата доминација.

Актуелниот шампион на Англија изминатите неколку години инвестираше стотици милиони евра, но извршниот директор на Сити, Феран Сориано, не се согласува со таквите тврдења.

Шпанецот истакна дека и другите тимови во Англија трошат сериозна парична сума, дури и повеќе од Манчестер Сити, но за тоа никој не зборува.

  • Доволно е само да се погледне колку е инвестирано во играчите во изминатите три, пет години… Ние никогаш не сме клубот кој најмногу троши на новите играчи. Постојат многу други клубови кои инвестираат повеќе од нас, Челзи, Манчестер Јунајтед, Арсенал. Да се каже дека сме потрошиле многу пари и дека поради тоа сме на врвот, едноставно не е вистина, изјави Сориано.

Без разлика на сите тие инвестиции, Манчестер Сити сосема заслужено е лидер во Премиер лигата и сосема заслужено се пласираше во финалниот натпревар од Лигата на шампиони и англискиот ФА куп. Четата на Пеп Гвардиола е на само еден чекор од посакуваната триплета.