Не се плашам од отказ!

53

Селекторот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Златко Далиќ, откри дека не се плаши од отказ и покрај лошите резултати во последниот период.

  • Не се плашам од отказ! Не велам дека секогаш сум во право, ама сѐ што сум мислел со Хрватска да го направам – го направив. Светско првенство, репрезентацијата ја вративме во Сплит, ги обединивме Хрватите, се пласиравме лесно на ЕП… Јас имам полно мотиви, ама и јас сум одговорен за сето ова. Фрустиран сум со сѐ околу себе, со овие ситуации, патувања, мечеви, многу е голем притисокот, но тоа е моја работа. Не смеам да покажам незадоволство, туку морам да покажам дека сум горд што сум тренер на Хрватска. Притисокот е голем, ама можам да се носам со него, изјави Далиќ.