Јапонскиот ски скокач Норијаки Касаи нема да ја пропушти иоваа сезона од Светскиот куп во ски скокови. Касаи (47) е избран за член на јапонскиот скијачки тим за почетокт на сезоната, која ќе стартува на 23 и 24 ноември. Исто така тој ќе учествува на натпреварувањата во Руки, Лилехамер и Нижњи, иако на летното Гран При не забележа добри резултати.

За Касаи ова ќе биде 31. сезона во Светскиот куп, а поголемиот дел од неговата сегашна конкуренција не ни била родена кога тој во 1988 година ја прослави својата деби победа во ова натпреварување.

Познатито ветеран може да се пофали со сребрен медал од Олимписките игри, кој го осови на големата скокалница во 2014 година во Сочи, но и две бронзи во тимска конкуренција (Лилехамер 1994 и Сочи 2014)

До најсјајното одличје стигна на Светското првенство во ски скокови во 1992 во Хараков, а пет пати стана и шампион на Јапонија – на мала скокалница 93, и 99 и на голема во 94, 2010 и 2017.