НЕ СЕ ОТКАЖАЛА: Го положила возачкиот испит во 960 обид/ВИДЕО

97
Фото: screenshot youtube

Интернетот повторно ја открил г-ѓа Ча Са-Сун, која не се откажала додека не го положила возачкиот испит и го положила во 960-от обид.

Дамата потрошила 11.000 фунти за да ја добие возачката дозвола и конечно ја добила при 960-от обид. Иако сето тоа се случило во далечната 2009 година, Ча Са-Сун стана вистински хит дури овие денови, откако на Редит повторно се појави веста за нејзината напорна мисија за да го положи возачкиот испит.

Ча Са-сун првпат полагала писмен испит во април 2005 година, но за жал не била успешна. Сепак, тоа не ја спречило и продолжила да го полага тестот додека не го положила, секој ден, пет дена во неделата во текот на три години.

Потоа намалила на два пати неделно, додека конечно не го положила писмениот тест, во нејзиниот 860. обид. Борбата за возачка дозвола следела со полагањето на возачкиот испит кој што успеала да го положи во 960. обид. Обидите вклучуваат и писмени тестови и возачки испити.

Откако ја прочитал нејзината приказна, Hyundai ѝ подарил автомобил. Потоа таа заврши во нивната реклама.