Не сакам ќерка ми да ми ја отсече главата

69

Не се баш ретки ситуациите кога селекторот пред очите на својата ќерка ги дава клучевите од репрезентацијата на својот потенцијален зет. Такво нешто се случи и за време на Светското првенство во Катар. Со убедливиот триумф од 7:0 над селекцијата на Костарика, репрезентативците на Шпанија ја запишаа една од најубедливите мундијалски победи. Меѓу најдобрите поединци на зелениот терен беше и напаѓачот на Барселона, Феран Торес кој два пати се запиша во листата на стрелци.

Иако има само 22 години, селекторот на „црвената фурија“, Луис Енрике, клучевите од својата репрезентација му го даде Торес кој пак му се одолжи на најдобар можен начин.

За статусот на Торес во репрезнтацијата говори и фактот дека фудбалерот на Барса е прва опција кога се во прашање ударите од белата точка.

  • Многу сум задоволен, знам дека на едно вакво натпреварување, головите имаат додатна вредност и ние моравме да постигнеме што е можно повеќе. На секој натпревар, од првата до последната минута мора да играме како што ние сакаме, а тоа ни успеа на дуелот против Костарика. На ист начин треба да играме и против Германија. Не знам дали сме фаворити за победа, но имаме желба за големи работи, изјави Торес.

Фудбалерот на Барса е во љубовна врска со ќерката на Луис Енрика, Сира Мартинез, која во живо го следеше натпреварот во Доха. Пред почетокот на Мундијалот, Енрике зборуваше за потенцијалниот зет и откри дека му е продолжена рака.

  • Бускец беше продолжена рака на Дел Боске, а мојата продолжена рака е Феран Торес. Не сакам ќерка ми да ми ја отсече главата, изјави трофејниот стручњак.