По речиси една деценија Ентони Браун ќе ѝ стави крај на кариерата во НФЛ лигата. Барем таков заклучок може да се извлече после последна изјава на еден од најдобрите играчи на деценијата.

-Дадов 100% од себе, а тие ме третираат вака. Тоа не е фер. Нема да заработуваат повеќе на моите солзи, пот и крв. Никогаш нема да играм во ова ср*ње што лошо ги третира црнците. Избришете го моето име и е*ете се, напиша Браун на социјалните мрежи и предизвика лавина реакции кај челниците на ова натпреварување.

Инаку, ова е втора најава сезонава на еден од елитните примачи кој изјави дека сака да ја напушти НФЛ лигата. Првата беше по отпуштањето во Њу Ингланд Петриотс поради обвиненијата за сексуално вознемирување. Патем, Браун ги мина првите девет сезони во НФЛ во екипата на Питсбург, во кој ги имаше најдобрите игри.

Меѓутоа, тој побара трансфер и замина во Оукленд пред почетокот на сезоната за рекорден договор. Сепак, тој дури и не ја започна сезоната затоа што веднаш му врачија отказ, искористувајќи ја ситуацијата во која заслужи неколку казни за непрофесионализам, за да не бидат обврзани да му ги исплатат загарантираните пари. Чашата се прели со физичката пресметска со генералниот директор Мајок.

Ситуацијата ја искористи Петриотс и го сема во своите редови, но по сексуалната афера со личната тренерка Бритни Тејлор, која на крајот го тужеше за сексуално вознемирување, тој беше отпуштен од работа.