Веќе нема дилема, светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, ќе го нападне златниот медал на Олимписките игри во Токио, наредната година, доколку тие се одржат поради пандемијата со коронавирусот. Златниот медал од Олимписките игри е единствениот кој му недостасува во неговата колекција на трофеи.

Србинот првите натпревари би требало да ги одигра по долга пауза во Њујорк, каде ќе се одржи мастерс турнирот во Синсинари, а потоа и САД Опен. Но, негова главна преокупација во наредните 12 месеци секако се Олимписките игри.

-Тоа се уште ми е голем сон. Не сакам да звучам неблагодарно и да омаловажувам што освоив бронза, бидејќи и тоа е голем успех. Во Лондон стигнав до полуфиналето, но загубив во мечот за третото место. Секогаш наоѓам дополнителна мотивација да играм најдобро кога ја претставувам својата земја, особено на Олимписки игри. Сите знаеме дека тоа е најголемото спортско натпреварување, изјави Србинот.

На последните Олимписки игри пред четири години во Рио де Жанеиро, Новак беше голем фаворит за освојување на златото, но беше елиминиран уште на старото од Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро. По елиминацијата Новак не ги задржа емоците и вел свет ги виде негвоите солзи од разочараноата. Но, тој не се откажува од намерата да го осови златниот медал.

-Чест е што сте опкрижени со најдобрите спортисти од сите спортовии да ги гледате како се натпреваруваат. Тоа е навистина привилегија. Се надевам дека ќе добијам дополнителна шанса наредната година и дека ќе бидам во добра формаи ќе имам можност да се борам за златниот медал, заврши Новак.

Ѓоковиќ одлично ја започна новата сезона, но поради пандемијата истата беше суспендирана и сега ќе претрпе големи промени. Вимблдон е откажан, додека САД Опен ќе се игра за еден месец, а веднаш потоа ќе започне и Ролан Гарос.