Не сакав да го видам Ѓоковиќ, се беше спонтано!

767

За да бидеш успешен спорист, зад себе треба да имаш тим од експерти кои ќе те предводат кон големите предизвици. Токму таков тим има најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, а главниот збор во него го има Словакот Маријан Вајда.

Вајда за словачките медиуми изјави дека соработката со Новак се случила сосема случајно.

  • Во пресрет на Ролан Гарос во 2006 година, една агенција ме праша дали сакам да се сретнам со Новак во Париз. Не знаев многу за него, тој беше 63. тенисер во светот. Не сакав да одам и да зборувам за соработка, премногу патував, но донесов спонтана одлука да одам и да и го покажам градот на мојата најмлада ќерка, Наталија. Во тоа време имаше 11 години. Така отидов да го запознаам и Новак. Тој се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос, а веќе на турнирот во Хертогенбош, јас бев негов тренер, истакна Вајда.

По единаесет години соработка, двајцата се разделија во 2017 година. Паузата беше добредојдена за двајцата, но по само една година сфатија дека имаат многу повеќе заеднички нешта и дека Вајда е експерт кој најдобро го разбира Новак Ѓоковиќ.

  • Јас работев со Новак толку долго што ова веќе не е прашање на тренинзи, туку на доверба и енергија. Новак чувствува голема поддршка од мене. Важната улога на тренерот е да биде ментално вклучен во натпреварот, играчот да види колку е добар тренерот и колку е заинтересиран за исходот. Јас не сум тука само да работиме на тренинзи и потоа да седам… ме интересира сè, толку многу што понекогаш се наоѓам на теренот, додаде Вајда.