Не правете ја најголемата грешка:Посегнувате по оваа храна да ве засити, а всушност ве прави уште погладни

225

Експертите предупредуваат дека конзумирањето одредени намирници може само да ни го зголеми гладот ​​и да доведе до таложење на несакани килограми.

Како што пренесува порталот Time, некои намирници можеби на прв поглед изгледаат многу заситувачки, но всушност имаат сосема спротивен ефект.

„Неколку залаци од овие намирници можат да активираат одредени делови од мозокот и цревата кои ја поттикнуваат нашата желба за храна, што, меѓу другото, придонесува за зголемување на телесната тежина и може да му наштети на нашето целокупно здравје“, објаснува ендокринологот Белинда Ленерц.

Во храната за која повеќето луѓе мислат дека заситува, а всушност нè прави погладни се вбројуваат:чипсот и крекерите, лебот, бисквитите, колачињата и слатките, потоа јогуртот со малку маснотии, диеталните пијалаци и сите вештачки засладени грицки.