Тренерот на вториот светски рекет Шпанецот Рафаел Надал, Карлос Моја, истакна дека неговиот пулен е перфекционист и дека се уште сака да учи. Тие соработуваат веќе четири години, а поранешниот шпански тенисер истакна и дека е вистинско задоволство да се работи со „Бикот од Мајорка“

-Што повеќе сте со него, повеќе го цените. Секој негов натпревар го гледам мирно, бидејќи сигурен сум дека ќе направи се што е во негова моќ за да победи. Тој е перфекционист, работи се додека не биде најдобро што може. Задоволство е да се биде во неговиот тим, изјави Моја.

Тој  исто така додаде и дека во тенисот нема совршенство и нема совршени играчи.

-Една од причините зашто Рафа е голем шампион е тоа што постојано сака да учи. Свесен дум дека работам со еден од најдобрите тенисери на сите времиња, меѓутоа секој може да напредува, дури и Федерер и Ѓоковиќ. Не постои совршенство во тенисот, заврши Моја