Не најдовме решение за нивната одбрана

27

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, рече дека причина за поразот (0:2) во дербито со Монако е слабата игра на неговиот тим во нападот.

  • Не создадовме доволно шанси. Не бевме доволно добри, па изгубивме. Ја поседувавме топката многу повеќе, но никогаш не најдовме начин да ја разбиеме нивната одбранбена линија. Секако, тие добро се бранеа, нема што повеќе да се каже. Честитки за Монако. Мораме напорно да работиме за да ја смениме ваквата состојба, го цитира Покетино официјалната веб-страница на клубот.

По 26 кола, ПСЖ со 54 бода е трет во Ла Лига, додека Монако е четврти со 52 бода.

Тимот на Нико Ковач нема пораз од декември 2020 година. Последен пат Монако загуби од Ленс (0:3) во мечот од 15. коло на францускиот шампионат.