Не му се допаѓа промената во политиката на мрежата:Елтон Џон го напушти Твитер

45

Британскиот музичар Елтон Џон вчера го напушти Твитер, приклучувајќи се на низата познати личности кои ја напуштија социјалната мрежа откако беше купена од милијардерот Илон Маск.

„Целиот мој живот се обидувам да ја користам музиката за да ги зближам луѓето. Но, сега ме растажува кога гледам како се користат дезинформации за да се подели нашиот свет“, објави Џон на Твитер, каде што го следат повеќе од 1,1 милион луѓе.“

Џон, кој моментално е на својата последна светска турнеја, како причина за неговото заминување ја наведе неодамнешната промена во политиката на Твитер.

75-годишниот активист и пејач на хитови како „Tiny Dancer“ и „Rocket Man“ се приклучува на долгата листа на познати личности кои неодамна се откажаа од Твитер, вклучувајќи ги манекенката Џиџи Хадид, авторката Шонда Рајмс и поранешниот гитарист на White Stripes Џек Вајт.

„Ја сакам твојата музика. Се надевам дека ќе се вратиш. Дали има лична дезинформација што ве загрижува“, праша Маск како одговор на објавата на Џон.