Германската параолимписка шампион во пливање, Елена Кравчов, неодамна се соблече гола за најпопуларното машко списание „Плејбој“.

Елена во текот на годините имала многу успеси во вода и покрај тоа што е скоро слепа и видот е само три проценти. Сепак, тоа не ја спречи да освои сребро на Параолимписките игри 2012 во Лондон, а исто така беше и двократен светски шампион – во 2013 година во Монтреал и во 2019 година во Лондон. Сега таа заблеска на насловната страница на познатото списание.

  • Во суштина, јас сум многу екстровертна личност и немам проблеми со голотијата. Фотографиите се секогаш многу естетски и мислам дека е одлично да им се покаже на жените нивната убавина. Многу сум среќна што се фотографирац за „Плејбој“, истакна Кравчов.

Инаку, Елена е родена во Казахстан, каде започнала да го губи видот. Потоа со семејството заминала во Русија, а во 2005 година со автобус тргна од Моксва кон германскиот град Бамберг.