Најдобриот белоруски ракометар на сите времиња и секако еден од најдобрите играчи во овој спорт Сергеј Рутенка, моментно е во својот дом, поточно во земјата каде што се смета дека коронавирусот не постои.

Но, поранешниот играч на Барселона, деновиве им испрати порака на своите пријатели во Шпанија, во која го напиша следново:

-Во целост и верувам на владата на Белорусија, бидејќи знам дека ги превзема соодветните мерки. Мојата мајка е докторка и објаснети ми се сите мерки и пртокол како да се однесувам ако се појави вирусот. Бев во Бергамо на 20 февруари, го пријавив тоа и веднаш ми беше направен тест кој беше негативен. Иначе во случај на позитивен тест протоколите се многу строги. Не би рекол дека нашиот претседател е луд. Игра хокеј со цел на сите да им покаже дека се е нормално. Испраќам големо охрабрување до шпанскиот народ и се надевам дека многу брзо се ќе севрати во нормала, напиша Белорусинот.

Рутека во совјата кариера освен за Белорусија играше и за репрезентацијата на Словенија, а на клупско ниво го носеше дресот на Горење Велење, Целје Пивоварна Лашко, Сиудат Реал и Барселона.