Продолжениот 80-часовен карантински викенд го започнуваме со нов рекорд на заболени со коронавирусот. Во последните 24 часа, регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 на направени 953 тестирања. Најмногу новозаболени има во Скопје – 67! Од вечерва од 21 часот до понеделник до 05 часот, на сила е  целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце.

Во сите останати градови е забрането движење на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21 часот до петок (5 јуни) до 5 часот наутро, а в петок, сабота, недела во овие градови забраната започнува од 16 часот и трае до следниот ден до 5 часот наутро. Според директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери, најголемиот број на заразени во Скопје се членови на исти семејства. Регистрирани се 15 фамилии од кои потекнуваат 90 проценти од новозаболените во градот. Статистиката покажува дека најголемиот број од новозаболените се заразиле преку одење на гости, ручеци и вечери, односно преку поголеми собири

 

Продолжениот 80-часовен карантински викенд го започнуваме со нов рекорд на заболени со коронавирусот. Во последните 24 часа, регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19 на направени 953 тестирања. Најмногу новозаболени има во Скопје – 67, потоа Куманово 19, Штип 16 , Тетово 9, Прилеп 4, Велес 2 и по еден заболен во Гостивар, Неготино и Струмица.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 65-годишна пациентка, примена на 28 мај, а во ГОБ „8 Септември“ почина пациент на возраст од 69 години, хоспитализиран на 1 јуни. Регистрирани се 16 оздравени пациенти.

Од вечерва  од 21 часот до понеделник до 05 часот, на сила е  целосна забрана на движењето на сите граѓани во Скопје (сите скопски општини), Куманово, Липково, Штип, Карбинци, Тетово, како и Боговиње, Брвеница, Теарце, Желино и Јегуновце. Така одлучи Владата во согласност со препораките на Комисијата за заразни болести, со цел брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот.

Во сите останати градови е забрането движење на сите граѓани од четврток (4 јуни) од 21 часот до петок (5 јуни) до 5 часот наутро, а в петок, сабота, недела во овие градови забраната започнува од 16 часот и трае до следниот ден до 5 часот наутро. Петок е неработен ден за сите граѓани. Во периодот од четврток (4 јуни) од 21 часот до понеделник (8 јуни) до 5 часот наутро, се забранува посета на гробиштата на територијата на цела држава, освен за погреби.

Отстапките за од овие забрани се однесуваат за земјоделските активности, поради што е дозволено движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби. За време на периодот за кој е донесена оваа одлука за забрана за движење аптеките ќе работат непречено. Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи.

Остануваат на важење сите издадени дозволи за движење за време на претходните забрани за движење кои беа воведени, особено за економските оператори и за работа организирана во смени.

Прошетката на милениците е во веќе востановените термини во периодите од 8 до 8:30, од 15 до 15:30 и од 20 до 20:30 часот. Забраната за движење не важи за лицата со попреченост и за нивните придружници доколку имаат соодветна документација.

Министерот Филипче изјави дека овој нов бран е директна последица на непочитување на јасно пропишаните мерки, но и на задоцнетата или слаба активност за казнување од страна на надлежното министерство.
„Се надевам дека конечно и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да замине додека сите не прифатиме дека претставува закана за секој што не ги почитува мерките за заштита од него. И по одржани речиси 100 прес-конференции и илјадници пати повторени апели и пораки, еден дел од граѓаните сè уште одбиваат да ја прифатат реалноста. Да прифатат дека одговорноста е на секој поединец. Навистина не треба да дозволиме дури откако ќе се разболиме да ја разбереме опасноста од вирусот. Ние здравствените работници, владата, институциите не можеме да направиме ништо без граѓаните. Ова што сега го кажувам не е никаква политичка флоскула. Ова е реалност, само сите заедно можеме да ја надминеме кризата, никако поинаку. Одговорно тврдам, дека сите мерки, сите одлуки и сите пораки кои ги испративме во јавноста, беа прецизни, медицински издржани и навремени.

Стратегијата даде резултат, имавме одлични резултати и развој на состојбата како што посакувавме. Впрочем, како што кажав, доказ за тоа се општините кои се целосно стабилни, а најдобар доказ за тоа е општина Дебар, каде што со недели нема ниеден нов случај“, истакна министерот Филипче.

Според директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери, најголемиот број на заразени во Скопје се членови на исти семејства. Регистрирани се 15 фамилии од кои потекнуваат 90 проценти од новозаболените во градот. Статистиката покажува дека најголемиот број од новозаболените се заразиле преку одење на гости, ручеци и вечери, односно преку поголеми собири.

Зибери кажа и дека одреден број од анкетираните контакти или заболени не им даваат точни информации на епидемиолозите.– Многу често ни даваат лажни податоци, многу е важно луѓето да соработуваат и да бидат искрени во одговорите затоа што така побрзо ќе ги најдеме контактите и ќе ги тестираме луѓето, вели Зибери. Најголем број од активните случаи на коронавирус  во Скопје се од Чаир, по што следат Сарај, Аеродром, Бутел и Гази Баба.