Светскиот тениски рекет број еден, Србинот Новак Ѓоковиќ откри кога би можел да се врати на терените. Тој мораше предвреме да го заврши настапот на САД Опен поради повреда на рамото.

  • Би сакал да кажам кога ќе се вратам, но навистина не знам точно. Ги следам резултатите од рехабилитацијата секој ден. Следам како рамото реагира на закрепнувањето, истакна Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер исто така истакна дека повредата е од посериозна природа.

  • Тоа ме спречи да го продолжам турнирот во Њујорк. Многу ми е жал, тоа е еден од четирите најголеми турнири, особено важен во вториот дел од сезоната, додаде Ѓоковиќ.

Тој исто така рече дека бил кај физиотерапевт на Копаоник, кој му дал проценка кога ќе се врати на теренот.

  • Се надевам дека ќе бидам на теренот за една или две недели. Во идеално сценарио, тоа би бил турнирот во Токио, заврши Србинот.

Инаку Ѓоковиќ го надмина Конорс по бројот на недели како лидер на АТП листата, откако ја започна својата 269-та недела на врвот на светската ранг-листа. Со ова тој се искачи на четвртата позиција на сите времиња, а пред него со само една недела повеќе е чешкиот Американец Иван Лендл. Втор на вечната листа е Американецот Пит Сампрас со 286 седмици, а лидер е швајцарскиот маестро Роже Федерер со 310 недели како прв на АТП листата.