Не знае ниту шпански ниту каталонски, ама важно протестира

199

Во неколку каталонски градови веќе со денови има жестоки протести, кои најверојатно ќе го одложат и најголемиот дерби натпревар во шпанската Примера дивизион, дуелот помеѓу Барселона и Реал (М) кој е закажан за 26 октомври.

Раководните лица во Ла Лига дадоа предлог популарното „Ел Класико“ да биде одиграно на 7 јануари, а не на 26 октомври и тој предлог беше испратен до Комисијата за натпреварување. Доколку биде прифатен предлогот на Ла Лига, ќе мора да се направи промена и на распоредот од 16. коло во Примера дивизион.

Според првичниот распоред, во 16. коло Барселона треба да игра на домашен терен против екипата на Мајорка, додека Реал (М) треба да го нагости тимот на Еспањол.

Тиражниот спортски весник „АС“ пишува дека има неколку фудбалери на Барселона кои не сакаат да тренираат и на тој начин даваат поддршка на протестите. Сосема очекувано, Жерар Пике е еден од тие фудбалери кои не сакаат да тренираат, а последниот тренинг пред гостувањето кај Еибар го прескокна и францускиот интернационалец Осман Дембеле.

Одлуката на Дембеле да не тренира во знак на поддршка на протестите доби уште повеќе на значење затоа што крилниот напаѓач на Барселона не знае да зборува ниту шпански ниту каталонски.