Рускиот ракометен рперезентативецо Тимур Дибиров е еден од играчите со најдолг стаж во редовите на европскиот шампион Вардар. Тој тера седма година во „црвено – црниот“ дрес, откао за првпат го облече во 2013 година.

Интерсно е тоа што пред да дојде во македонскиот тим, па и додека играл за него добивал примамливи понуди од други тимови, а еден од нив е и најбогатиот ПСЖ,  тим кој моментно го предводи поранешниот тренер на „црвено – црните“ Шпанецот Раул Гонзалез.

Диборов во разговор за рускиот портал „Брз центар“ откри дека уште пред првото негово доажање во Скопје, веќе имал понуда од Франција, но не ја прифатил, бидејќи веќе одлучил да го носи „црвено – црниот“ дрес.

  • Секогаш сум одлучувал според чувствата, а не според парите. Така беше и во 2013 година. Тогаш во рацете имав понуда од ПСЖ, но не ја прифатив и одлучив да преминам во Вардар. Изборот да играм во Македонија за многумина беше неочекуван, Вардар беше далеку од сегашниот тим, а во ПСЖ веќе играа големи ѕвезди како Хансен, Абало… Но, чувствував дека подобро ќе биде да го одберам Вардар и не погрешив. Двапати ја освоивме Лигата на шампионите, додека ПСЖ сè уште сонува за тоа, откри рускиот репрезентативец.