Не е препуштен сам на себе:Прва колешка која јавно застана на страната на Џони Деп/ФОТО

2675

Актерката Ева Грин јавно го поддржа својот колега Џони Деп, кому со недели му се суди со поранешната сопруга Амбер Херд.

View this post on Instagram

 

A post shared by Eva Green Web (@evagreenweb)

 

Тој ја тужеше неа за клевета поради написот што го објавила во „Вашингтон пост“, во кој известува дека станала „лице на семејно насилство“. Иако не го спомнува Деп, лесно можеше да се утврди дека мислела на него кога ги раскажувала настаните од текстот бидејќи се совпаѓало со периодот кога биле во брак.

Според Деп, тој напис го одбележал, му го нарушил угледот и му нанел голема деловна и материјална штета.

Херд тогаш поднесе противтужба, а веќе три недели светот го следи судењето на поранешните сопружници, а во прашање се милиони.

Ева се фотографираше на Инстаграм со заедничка фотографија со Деп и му испрати зборови на поддршка.

„Не се сомневам дека Џони ќе излезе од сето ова ПРЕД СВЕТОТ  со чист образ и прекрасно срце и животот ќе биде подобар за него и за неговото семејство отколку што некогаш бил“, напиша Грин.

Рочиштето продолжува во понеделник.