Не е важно што мислите за себе

69

Франк Лампард го даде првото интервју откако доби отказ од функцијата менаџер на лондонскиот премиерлигаш Челзи. Поранешниот репрезентативец на Англија одговараше на прашањата кои му ги упатија фановите за време на официјалната промоција на фондацијата „Willow“

Преку одговорите Лампард откри многу интересни детали околу неговиот престој како менаџер на „Стемфорд Бриџ“, а потврди и дека се обидел да ги осигура услугите на стандардниот првотимец во дресот на Вест Хем, Деклан Рајс.

  • Среќен сум што го имаме Деклан Рајс во Англија. Вест Хем може да биде среќен што го има во својот тим. Станува збор за вистински лидер и веќе сега е јасно дека пред него е голема кариера. Сигурно дека од начинот на кој зборувам за него сфативте дека сум сакал да ги осигурам неговите услуги. Многу ми се допадна како фудбалер. Трансферот не се реализира поради неколку причини, но тоа лето ангажиравме неколку фудбалери. Се сакам со моите зборови да го донесам Деклан во една лоша ситуација, затоа што јас во него гледам дека е максимално посветен на Вест Хем и затоа сакам да бидам јасен околу ова прашање. Му дадоа шанса, а самиот ќе одлучи кога е вистинскиот момент за да го направи новиот чекор во кариерата, изјави Лампард.

Освен за Рајс, Лампард откри и што точно мисли за отказот кој го доби од челниците на Челзи. Него го наследи германскиот стручњак Томас Тухел, кој со „сините“ се бори за место во Лигата на шампиони, а во Лигата на шампиони е на еден чекор од полуфиналната рунда.

  • Не е важно колку вие мислите дека сте добри, не е важно ако мислите дека тоа што се случува ви иде во прилог, во секој момент може да добиете отказ. Тоа ќе ве научи да се фокусирате на тоа што е важно. Добив отказ во моментите кога го очекував моето ново дете, а сега имам доволно време за да му покажам колку го сакам. Убаво е кога поголемиот дел од времето го поминуваш со фамилијата. Имав неколку понуди во изминатите месеци, но не стануваше збор за понуди поради кои би се вратил во менаџерското столче. Задоволен сум од фактот дека сега малку се одмарам после две и пол годишната напорна работа, додаде Лампард.