На многу начини, оваа сезона во Мото ГП е различна од претходната, особено за Марк Маркез, бидејќи по повредата што ја заработи на првата трка, практично како навивач следи што се случува на патеката додека се опоравува. Маркез се обиде да се врати во колосек веднаш по повредата и операцијата, но тоа едноставно не помина. Шампионот сега е во фаза на опоравување, а Хонда инсистира на тоа дека нема да се врати на патеката се додека не биде целосно подготвен.

  • Сега сум физички добро. Секако, далеку сум од „нормалното“ ниво. Почнав да трчам и да возам велосипед. Се чувствувам како да сум во прилично добра форма. Сепак, што се однесува до мојата десна рака, има уште многу работа пред мене. Во овие моменти ги следам препораките од докторите и се што ќе ми кажат. Ментално, ми беше многу тешко на почетокот. Немав што да правам дома, деновите минуваа бесконечно бавно. Но, сега имам план за секој ден. Што се донесува до тимот, тој е во големи проблеми. Свесен сум за мојата важност во тимот и знам дека можеме да имаме добри резултати, но кога имате повреда, лесно ја губите контролата. Сакам да им се заблагодарам на сите, особено на мојот тим и моите навивачи. Добив многу одлични пораки. Исто така добивам многу прашања кога ќе се вратам. Едноставно не знам. Се надевам дека ќе биде наскоро, што е можно побрзо. Се чувствувам како да сум блиску и тоа е добро. Ви благодарам на сите за поддршката и не грижете се – ќе се вратиме на врвот, порача Маркез.