Не го продавам ниту за 500 мил. евра

117

Менаџерот на актуелниот шампион на Англија, тимот на Мачестер Сити, Пеп Гвардиола, откри кој фудбалер никогаш нема да го продаде. Трофејниот шпански стручњак потврди дека сè додека престојува на „Итихат“ нема да даде зелено светло за продажба на офанзивниот играч за врска, Фил Фоден.

Иако ретко му дава шанса во првиот тим, Гвардиола е импресиониран од квалитетите на Фоден. Шпанецот откри дека Фоден нема да биде продаден дури и доколку официјалната понуда за неговите услуги изнесува 500 мил. евра.