Поранешниот шпански фудбалер Раул Браво, наводно, е вмешан во обидот за убиство на неговиот соиграч Дарко Ковачиќ.

– Видов маж како излегува од автомобил со пиштол и се движи кон мене. Инстиктивно се фрлив на десната страна, а тој пукаше на мене и потоа избега, влезе во автомобил и исчезна, беше изјавата на Ковачиќ во полиција.

Кусо време потоа се појавија информации дека убиството на Дарко го нарачал Раул Браво, поранешен шпански дефанзивен фудбалер и соиграч на српскиот фудбалер од редовите на Олимпијакос.

За целата ситуација се огласи и Браво во една радио емисија и изјави дека нема никаква врска со обидот за убиство над поранешниот клупски колега.

-Овие работи не ме допираат, но тоа го чита моето семејство и навистина не е пријатно. Дарко ми се јави да ме праша како сум поради сите овие глупости, ние не бевме само соиграчи туку и цимери, имаме одличен однос и ден-денеска. „Нетфликс“ може да сними филм за сите овие глупости и лудории. Жолтиот печат во Србија објави дека сум сакал да го убијам Ковачиќ и бев шокиран од тие наводи. Она што не се продава нема смисла, а мојата желба да го убијам Дарко многу добро се продава. Глупости, порача Раул Браво.

-Нашиот однос е одличен, ние сме големи пријатели. Ова што се зборува е вистинско лудило Семејството на Дарко е малку уплашено, но знаев дека Дарко ќе се смее на овие пишувања во медиумите, така беше, ме повика брзо после сè и имавме квалитетна причина. Тој никогаш не бил проблематичен и на никого не му е јасно што се случило. Заработи многу пари и сега мора да остане мирен, продолжи Браво.

-Сите ме прашуваат зошто не сум го тужел весникот кој го објави ова, но да бидам искрен од тоа нема да добијам ништо. Немам потреба да ја чистам лагата од името, сите знаат кој сум и што сум и дека немам врска со тоа. Познавајќи го Дарко, прво ми падна на памет дека некој сакал да го ограби. Не би можел ниту да замислам кој би можел да го направи тоа, заврши Браво.