Поранешниот трет тенисер во светот и освојувач на САД Опен од 2009 година Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро, изјави дека не верува дека по враќањето на теренот ќе успее повторно да влезе во Топ 10 на АТП-листата.

Аргентинецот по пет операции во кариерата, неодамна почна да тренира, но притоа го откажа и настапот на турнирите во Стокхол и Виена.

-Не очекувам дека по сите повреди што ги имав во кариерата дека пак ќе бидам меѓу првите десет тенисери на АТП-листата. Не е лесно да се повтори успехот од претходно, не верувам дека пак ќе освојувам титули или, пак, ќе бидам во најтесна конкуренција за тоа. Но, никогаш не се знае, изјави џинот од Тендил за аргентинските медиуми.

Она што го очекува е повторно да заигра, но не прецизираше кога точно ќе се врати на теренот.

-Чувствувам дека сè уште сум во добра форма и дека сум здрав. Постар сум, но и понатаму можам да играм добар тенис, тоа е мојот голем мотив, изјави Дел Потро.

Кога повеќе го нема во Топ 100, за да учествува на Австралија опен во Мелбурн, наредната година ќе му биде потребно да добие специјална покана од страна на организаторите.