Не би ми пречело до крајот на кариерата да играм за Вардар

67

Хрватскиот интернационалец Игор Карачиќ е еден од последните ракометари во македонскиот шампион Вардар, кој беше сведок на времето пред Самсоненко, порастот на ривалствотвото со вицешампионот Металург, како и златната ера на „црвено – црните“ кои успеаја да се искачат на врвот во Европа. Хрватот е седум години во Скопје, поточно од 2012 година, а при неговото доаѓање лесно можело наместо во Вардар да заврши во тимот на Металург.

  • Кога јас пристигнав во Вардар, сеуште не беш светски познат клуб, но имаше богата историја и традиција. Најголема причина што одлучив да направам трансфер во Вардар, беше тренерот Веселин Вујовиќ. Во тоа време имав тешка повреда на рамото, а тој рече дека ќе ме чека. На маса имав и понуда од Металург, но дојдов во Вардар, бидејќи Вујо ми рече дека е поддготвен да ме чека бидејќи знае точно што можам да сторам за Вардар. Червар исто така ме бараше, но знаев дека има многу македонски играчи на мојата позиција во тимот од Автокоманда и дека нема да добијам голема минутаж кога ќе ја санирам повредата. Затоа го одбара Вардар – истакна Карачиќ во интервју за интернет страницата на СЕХА-лига.

Хрватот откри и што ги одбележило тренерите со кои соработувал во Вардар, во сите овие години.

  • Од Вујовиќ тоа е мотивацијата и тимскиот дух. Кастратовиќ имаше човечки квалитети, се поврзуваше со сите играчи од тимот. Раул секогаш ќе го паметам по темелните анализи, а одлика на Парондо е неговата смиреност, како и аналитиката. Шпанските тренери се многу слични – открива Карачиќ.

Неговиот договор со „црвено-црните“ истекува по завршувањето на оваа сезона, а Карачиќ со секој следен ден е се подалеку од останување во Скопје.

  • Сите сакаат да знаат, но јас немам одговор. Вардар има посебно место во моето срце, ова е мојот дом и не би ми пречело да останам овде до крајот на кариерата. Сепак, не можам да кажам каде ќе играм следната сезона – заврши Хрватот.