Еден од најпопуларните борци во моментов, Нејт Дијаз, реши да стави крај на кариерата, а како последна борба се споменува дуел со Конор Мекгрегор или Дастин Поирие.

Инаку, Дијаз се стекна светска слава токму со победата над Конор Мекгрегор на 5 март 2016 година, па можеби овој дуел би можеле да го гледаме до крајот на годината, како последен спектакл во кариерата на Американецот.