Во овие топли летни денови, најдобро освежување е ладната лимонада. Но, за да го погодиме вистинскиот вкус, потребна е да се погодат вистинскот сооднос на лимон, вода и шеќер.

Ви го пренесуваме најдобриот рецепт за лимонада, која сигурно е подобра и од онаа што ја консумирате во слаткарниците.

Потребно е: 

1 и 3/4 шолја шеќер

8 чаши вода

1 и 1/2 шолја исцеден сок од лимон

Подготовка:

Во мал сад помешајте ги водата и шеќерот. Загрејте ги и мешајте додека шеќерот не се стопи. Оставете да се излади на собна температура, до целосно ладење.

Исцедете неколку лимони, додека не ја добиете потребната количина на сок и слободно оставете ја пулпата.

Во поголем бокал измешајте го оладениот сируп со шеќерот и останатите 7 чаши вода.

Ќе ве изненади вкусот!