„Нејзината смрт ме натера да го направам ова, беше млада, невина и мртва“ – Масакрот на Нов Зеланд е извршен поради неа!

136

Терористот Брентон Тарант кој брутално уби верници во џамија на Нов Зеланд, во својот манифест, меѓудругото тврди дека морал да се одмазди поради убиството на 11-годишната Еба Акерлунд.

Девојчето е убиено во терористички напад на Стокхолм во 2017 година. Тогаш Узбекистанецот Рахмад Акилов со камион уби четворица луѓе. Тој напишал дека Акерлунд се враќала од училиште кога ја убил исламистот.

Во манифестот на 74 страници убиецот од Нов Зеланд ја споменал Еба неколкупати.

„Еба беше нешто поинакво. Млада, невина и мртва Еба. Нејзината смрт, за која се виновни натрапниците, нејзината насилна смрт ме натера да го направам ова“, напишал убиецот.

Во манифестот, Брентон Тарант вели дека девојчето само се враќало од училиште и не заслужило да биде убиено.