Нетанјаху исвиркан на пристигнување во Лондон од демонстранти поради реформите во правосудството во Израел

18

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој денеска е во посета на Лондон, беше пречекан пред Даунинг стрит број 10 со свирежи и повици од демонстрантите незадоволни од најавените реформи во правосудството во Израел.

Тој се ракуваше со британскиот премиер Риши Сунак на скалите на Даунинг стрит додека стотици демонстранти кои беа во близина носеа израелски знамиња и извикуваа „Нетанјаху оди во затвор, не можеш да зборуваш за Израел“.

Сцените во Лондон се повторување на сцените во Берлин, кои се случија претходно овој месец, кога стотици демонстранти се собраа пред Бранденбуршката порта за да протестираат против судските реформи во Израел.