Нетанјаху вети брза анексија на делови од Западен брег ако победи на утрешните избори

60

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху најави дека брзо ќе анектира делови од Западениот брег ако победи на утрешните предвремени парламентарни избори.

– Ќе биде прашање на седмици, најмногу два месеца, се надевам, рече Нетанјаху во интервју за државното радио, истакнувајќи дека анексијата на долината на Јордан од населбите на Западниот брег е негов приоритет.

Утрешните избори се трети во Израел за помалку од една година. На изборите одржани во април и во септември немаше јасен победник и не беше формирана нова влада./МИА