„Нестле“ произведе чоколада без шеќер

116

Компанијата „Нестле“ најде начин да направи чоколада без додавање шеќер, што претставува еден вид револуција во прехранбената индустрија.

Компанијата за храна користи патентирана технологија за претворање на белата пулпа што ги обвива зрната на какаото во прав кој природно содржи шеќер. Оваа есен во Јапонија, „Нестле“ ќе почне да продава „кит-кет“ со 70 проценти темна чоколада според новиот рецепт кој не вклучува дополнителен шеќер.

Досега пулпата никогаш не била користена како засладувач на чоколада и обично се фрла. „Нестле“ може да го користи истиот процес за производство на млеко или бело чоколадо во иднина.