НЕСРЕЌА на Златибор – Патнички автобус излета од патот во ендек

271

Попладнево околу 17 часот се случила автобуска несреќа на патот кон Златибор во Србија кога патнички автобус излетал од патот и завршил во ендек, јавува Telegraf.rs

Причина за несреќата најверојатно се лизгавиот коловоз и лошите временски услови што денеска ја зафатија Србија, со снежни врнежи и силен ветар.

Автобусот сообраќал на линијата Белград- Пријепоље.

Засега нема податоци дали некој од патниците е повреден.