Несреќа во Франција Се урна мост на реката Тарн – загина тинејџерка

66

Висечкиот мост се урна кога камион поголема од дозволената тежина помина преку него, а два автомобила што биле зад камионот исто така паднале во реката кога се урна мостот.

Висечкиот мост на реката Тарн во Мирепоикс-сур-Тарн, северо-источно од Тулуз се урна утрово при што загина 15-годишна девојка, седуммина се повредени, а неколку лица се водат како исчезнати, јави дописникот на МИА.

Висечкиот мост се урна кога камион поголема од дозволената тежина помина преку него, а два автомобила што биле зад камионот исто така паднале во реката кога се урна мостот.

По несреќата една жена успеала да доплива кон брегот. Стотици спасувачи се на самото место: пожарникари, жандарми, нуркачи, тимови за кучиња.

Мостот долг 150 метри и широк пет метри, беше реновиран во 2003 година.