Несреќа во Лондон:Пет лица повредени откако автобус удрил во зграда

113
Пет лица се хоспитализирани откако автобус удри во зграда во Лондон, соопштија официјални лица.
Според Скај њуз, на голем број луѓе им била укажана помош на лице место.
Возачот на автобусот останал заробен во возилото, а пожарникарите морале да употребат специјална опрема за да го извлечат.
До несреќата дошло кога автобус удрил во продавница во приземје од станбена зграда.